Адеми: Изготвени се нови наставни програми по предметот „музичко образование“

Од:

Изготвени се нови наставни програми по предметот „музичко образование“ за шесто, седмо, осмо и деветто одделение, кои се веќе усвоени и започнува нивната примена, наведе денеска министерот за образование на наука Арбр Адеми.

Нагласи дека програмите придонесуваат кон унапредување на концептот на мултикултурализам, запознавање и почитување на различностите.

– Секој ученик ќе ја изучува културата и традицијата во областа на музиката на својата заедница, но ќе има можност да ја изучува и музичката култура и традиција на сограѓаните од другите етнички заедници, преку слушање и обработка на песни и композиции, како и запознавање со инструментите и другите обележја на тие заедници, посочи Адеми.

Рече дека новите наставни програми ја унапредуваат содржината што учениците треба да ја изучуваат по предметот кој им ја развива љубовта кон музиката и кон музичкото творештво.

– Програмите нудат лесно разбирлив јазик, односно материја која едноставно ќе биде совладана од страна на учениците, согласно нивната возраст, а со цел да добијат информации за основите на музичката уметност, за музичките инструменти, да ги доживеат во целост музичките дела и да се едуцираат и информираат за обележјата на етничките заедници кои живеаат на територијата на нашата земја, а се поврзани со нивната музичка култура и традиција, истакна министерот за образование и наука.

Би можело да ве интересира

МОН го осуди организирањето на ученици во политички цели во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар

Ана Ололовска

Адеми: И во Законот за основно образование стои дека при запишување треба да се достави потврда за вакцинација

Ана Ололовска

Завршува ултиматумот на СОНК до МОН, Адеми на средба со синдикалците

Ана Ололовска

Адеми: Одлуките за избор на најполовна понуда за учебници се потпишани

Ана Ололовска

Ќе се гради основно училиште во Идризово, одлучи Владата на седница

Ана Ололовска

Продолжуваат преговорите меѓу МОН и СОНК

Ана Ололовска