Адеми: Интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ е да не се донесе Законот за игри на среќа за да продолжи монополот на една фирма

Од:

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми, ја демантираше албанската опозициска коалиција „Вреди“, која денеска на прес-конференција во законодавниот дом ја обвини власта дека предлог-законот за игрите на среќа во членот 10 предвидува отстранување на објектите на обложувалниците, но не и на казината.

Адеми вели интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција е да не се донесе овој закон, за како што рече, да продолжи монополот на фирма која е основана на криминален начин пред неколку години.

– Некој упорно сака да го штити тој монопол, а зошто сака да го штити тој монопол, треба да истражите и тие треба да одговараат пред јавноста. Зошто да нема либеризација на пазарот ве прашувам? Зошто се уште треба да вложуваме напори за да го штитиме монополот на одредена фирма која е основана на криминален начин, рече Адеми.

Барањето на ДУИ, рече Адеми, било отстранување на објектите на 1000 метри од средните и основните училишта, но како што рече, за обезбедување на консензус во законодавниот дом, тие прифатиле одредба каде што е предвидено 500 метри дистанца.

Додаде дека опозицијата со амадман предложила да се намали дистанцата од 500 на 250 метри.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела