Адеми: Да го изгласаме кандидатот за претседател, лошо е пред јавноста да бидеме комедијанти

Од:

Не е морално што денеска и со узурпирање на говорницата и со зборување за Теута Арифи, која не е пратеник, ниту кандидат за член во Комисијата за избори и менување да се опструира седницата, рече Џеват Адеми од ДУИ.

Обраќајќи му се на Илија Димовски, кој претходно рече дека Арифи не направила ништо за Тетово, Адеми кажа дека е добро што тој не се кандидирал за градоначалник, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не направило ништо за Тетово.

– Ни самите не си верувате во тезите. За доброто на држава и граѓаните дајте да ја прекинеме оваа комедија, веќе имаме кандидат за претседател на Собранието. Лоше е и во очите на јавноста да бидеме комедијанти, рече Адеми.

Тој кажа дека единствен проблем за коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ било Специјалното јавно обвинителство.

Според Илија Димовски, Теута Арифи треба да се спомене во разговорите во парламентот, бидејќи таа била предводник на тимот кој преговарал со СДСМ.

– Предуслов беше законот за јазици и тој некаде постои. Дајте да го видиме тој текст, не само заради нашите пратеници, туку заради сите во Република Македонија, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата