Адеми-Бартол: Дијаспората може да одигра позитивна улога во евроатлантските интеграции

Од:

Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспора, денес оствари средба со Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија.

На средбата, министерот Адеми својот соговорник опширно го информираше за активностите околу Националната стратегија за соработка со дијаспората и Акцискиот план коишто наскоро треба да бидат усвоени и од страна на Владата на Република Македонија и институционално имплементирани во наредните години.

Се истакна дека во овој значаен период во Република Македонија, дијаспората може да претставува инклузивен сегмент и да одигра позитивнa улога во евроатланските интеграции на РМ.

Горазд Бартол истакна дека напорите на целата Влада и на сите министри се значајни за подготовка на земјата за пристапувањето во НАТО. Г. Бартол притоа ја истакна значајната работа на Министерот Адеми кого го смета за силен подржувач за членство во НАТО на Република Македонија.

Меѓу другото стана збор и за други актуелни политички прашања во нашата земја, регионот и пошироко.

Би можело да ве интересира

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он