АА и Алтернатива ја почнаа блокадата – 3.000 амандмани дадени на превод, седницата во прекин

Од:

Пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива ја реализира најавата и достави 3.000 амандмани на трите закони од петиот пакет антикризни мерки за Ковид-19.

На вечерашната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет, претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцунски, информирал дека се поднесени амандманите и соопштил дека тие се проследени на превод на албански јазик, по што Комисијата повторно ќе се состане.

Тоа, според информации од Собранието, би можело да се случи по неколку дена. Бидејќи законите се по скратена постапка, расправата по амандманите е предвидено да трае само три дена, а потоа законите би можеле да се изгласаат.

Седницата на Комисијата за финансирање и буџет за антикризните закони беше закажана откако пратениците денеска го усвоија дневниот ред на 36. седница и по предлог на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се договорија да ги повлечат сите точки и да расправаат само за трите закони од петтиот пакет антикризни мерки, како и за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски