А1 во домот на Нешковски една година по убиството

Од:

Семејството Нешковски тивко исчезнува пред очите на јавноста, пред една годнина најмалиот член Мартин, беше брутално убиен. Неговиот татко не ја дочека ни годишнината од смртта на синот, си го одзема животот пред само три недели. Екипата на А1 го посети домот на семејството кое ја одбележуваше годишнина од смртта на нивниот син и брат. Со неизмерна тага и болка тие се уште ја бараат правдата од институциите.

Неговиот брат Александар, бара одговорност и од докторката која првично тврдела дека врз телотот на Мартин не биле пронајдени видливи знаци на насилство, но и отворено зборува за сите закани кои биле упатени на семејството.

Александар Нешковски се уште не може да поверува како дозволиле докторите пред нивни очи да почине неговиот татко, тој мисли дека тие не направиле ништо за да го спасат , кажа и дека татко му неможејќи да ја издржи оваа семејна голгота посегнал по сопствениот живот, оставајќи писмо кое било семејна тајна.

На 6-ти Јуни, според Александар точно една година после смртта на Мартин Нешовски, ќе се одржи протестен марш кој ке започне од Спомен куќата на Мајка Тереза.

Јасмина Спасовска

Би можело да ве интересира

Братот на исчезнатиот Македонец во Грција бара помош од Владата и МНР: Веруваме дека е жив, потрагата не смее да запре

Ландов

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста

Ана Ололовска

Спасовски: Да одговорат обвинителот и судијата врз кои проценки е дозволено Спасов да ја прекине затворската казна

Ана Ололовска

Игор Спасов, убиецот на Нешкоски, избегал во Турција?

Мери Јордановска

Штипскиот суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Заев: Очекувам истрагата да покаже каде е Игор Спасов

Ана Ололовска