Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (2.10.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 99 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за возач почетник. Засилените акциски контроли продолжуваат.