Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода седум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит, Х.И.(39) од Велес, С.Ш.(36) од Куманово и А.Ш.(25) од село Селце.
Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, З.С.(43) од Куманово и З.З.(63) од Велес.
Исто така, двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило, К.Е.(49) од село Ѓурѓевиште, гостиварско и Р.С.(47) од Кавадарци.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
