Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

Од:

МВР информира дека вчера претпладне во 11:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.П.(31) од Скопје, по претходна пријава дека откако дошол пред домот на неговиот чичко насилно ја искршил влезната врата, по што влегол внатре и кршел покуќнина, а откако дошла неговата сестра и неа физички ја нападнал.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 21:50 часот во СВР Тетово, М.З.(38) од Тетово пријавила дека истиот ден, додека била на гости кај нејзината мајка во с. Брвеница, по претходна вербална расправија била физички нападната од нејзината сестра Н.Н..

Се преземат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Рано утринава, пак, во 09: 40 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Д.Д.(37) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 35-годишен брат.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

За шест часа полицајците напишаа 708 казни за брзо возење

А1он

Скопјанка (65) заврши зад решетки – му носеше марихуана на синот затвореник

А1он

Почина 37-годишник во Тетово, ќе му прават обдукција

А1он

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он