СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ во очај шири рециклирани лажни вести

Од:

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ во очај шири рециклирани лажни вести, продажбата на
ЕДС е законска и транспарентна, велат од СДСМ, по прес-конференцијата на опозициската партија дека фирмата ЕДС се занимава со криминални работи, а пак вицепремиерот Анѓушев фирмата со негативен кредитен рејтинг,  ја продал на Грците за 4,8 милиони евра.

„Не можејќи да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ,
раководството на ВМРО-ДПМНЕ шири рециклирани лажни вести. Залудно. Продажбата на компанијата ЕДС, која со години успешно функционира во 9 држави е законска и транспарентна, а јавноста беше информирана и за прецизниот износ за кој компанијата е продадена. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и владата предводена од СДСМ продолжуваат со спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат повеќе инвестиции,
поголеми плати, нови работни места и засилен економски раст“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага