Коалиција „За подобра Македонија“: Капитулантски договор потпишан од уценети политичари не може да биде покритие за општиот грабеж

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со лидерите на политичките партии кои се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“.

„Главна тема на средбата беше претстојниот референдум и позициите на партиите во однос на ова прашање.

Доминираше ставот дека договорот потпишан во Нивици со соседна Република Грција е капитулантски чин и предизвикува долгорочна штета по повеќе основи. Со него се менува името на Република Македонија, Уставот, националниот идентитет, традицијата, историјата и културата.

Со капитулантскиот договор на Заев не само што се брише македонскиот јазик и се откажува од Македонците надвор од границите на државата, Заев се откажува и од Македонците во границите на Република Македонија.

Коалициските партнери се согласни дека ваквиот капитулантски договор потпишан од уценети политичари не може и не смее да биде покритие за општиот грабеж, расипништвото и хедонизмот на власта.

Државата доживува крах на сите полиња. Економијата е пред колапс, образованието и здравството се гушат во проблеми, а земјоделието пропаѓа. Единствено што функционира и што е организирано е криминалот на картелот на власт, кој не пропушта секоја јавна набавка да ја додели на фирми во сопственост или блиски до функционери на власта.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активностите на терен со цел да го слушне гласот и волјата на членовите, активистите и граѓаните врз основа на која ВМРО-ДПМНЕ ќе го донесе конечниот став по однос на референдумот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче