90 години ветеринарна наука во Македонија

Од:

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМС) денеска го одбележува јубилејот „90 години ветеринарна наука и едукација” во Македонија.

Одбележувањето е по повод основањето на првата ветеринарна научна и едукативна институција во Македонија, Ветеринарно одделение во рамки на Хигиенскиот завод во Скопје основан 1927 година, од кој подоцна настанува Ветеринарниот институт кој, пак, од 2004 година работи во рамки на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Во претпладневниот дел е предвидена работна сесија со пленарни предавања за современите трендови, предизвици и потреби во ветеринарната едукација и наука во Македонија, која ќе заврши со доделување дипломи на студенти во учебната 2016/2017.

На свечената академија која ќе се одржи вечер ќе се обратат деканот на Факултетот Лазо Пендовски, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, а потоа ќе има видео презентација за Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Ќе биде промовирана монографијата „90 години Ветеринарна наука и едукација“ од продеканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Тони Довенски.

Би можело да ве интересира

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла

АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки

АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот е казнет со 550 евра

Горан Наумовски

Горештините носат ризик: Внимавајте што јадете и како ја чувате храната

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски