До 9 часот одѕивот на референдумот е 2,45 отсто

Од:

До 9 часот изутринава, излезноста на референдумот е 2,45 отсто, информираше Државната изборна комисија. Податоците се добиени од 71,58 гласачки места. Најголем одѕив има во Демир Хисар 4,12%, а најмал во Конче 0,73.

Изутринава имало поднесено три приговори за повреда на изборното право и сите биле одбиени. Граѓани се жалеле дека ги немало во список. ДИК информираше дека во однос на приговорите било утврдено дека еден од нив немал сменето адреса, еден бил со неважечка лична карта и третиот бил од дијаспората, но неговиот приговор не бил доставен навремено во ДИК. Генерално гласањето се одвива без нерегуларности, оценуваат од Комисијата.

Љупка Гугучевска од ДИК информираше за начинот на кој граѓаните мжат да поднесуваат приговори за повреда на галсачкото право. Таа вели дека можат да поднесат приговори за повреда на избирачко право и за повреда на постапка а гласање. Тоа можат да го направат на самото гласачко место со пополнување на образец или да пополнат електрнска апликација на prigovori@mk.

Изутринава во 7 часот започна референдумот во земјава на којшто гласачите ќе можат да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.

Право на глас имаат еден 1.806. 336 гласачи запишани во Избирачкиот список.Се гласа на 3.748 избирачки места кои ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Државната изборна комисија и за референдумот постави интерактивна мапа на својата веб-страница на која ќе може да се следи текот на гласањето по општини и излезноста на гласачите.

Следната прес-конференција на ДИК е во 11.30 часот.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска