„8 Септември“ прерасна во голем медицински центар со висок квалитет и одлична опременост

Од:

Со набавката на четири дигитални рендген aпарати, со отворањето на ново целосно реконструирано одделение за невролошки заболувања и интензивна нега и со набавката на нови лифтови со поголема носивост од претходните, ЈЗУ-ГОБ „8 Септември“ е одлично опремена и може да се носи со најсовремените болници во моментов во Европа. „8 Септември“ прерасна во еден голем медицински центар со висок квалитет и со одлична опременост.

Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски, кој заедно со министерот за здравство Никола Тодоров ја посетија ЈЗУ-ГОБ „8 Септември“.

Груевски информира дека во јануари и февруари годинава заврши постапката за набавка на нова апаратура, главно за Градската општа болница „8 Септември“. – Деновиве опремата почна да пристигнува. Пристигнаа четири дигитални ренгени, од кои еден веќе е монтиран. Се работи за нови, најсовремени, од кои некои пред неколку недели се излезени од производство, рече Груевски и потсети дека во оваа болница досега имаше само еден аналоген рендген, а имало потреба од повеќе.

Се работи, како што додаде, за задоволување на капацитетите бидејќи болницата имаше потреба од повеќе рендгени.

Втората значајна работа, како што рече, е тоа што болницата отвори ново целосно реконструирано одделение кое претходно беше нефункционален простор во болницата, за невролошки заболувања и за интензивна нега, целосно опремено. Набавени се комплетно нови најсовремени лифтови и со поголема носивост од претходните.

Груевски информира дека во тек е пристигнување и на останатата опрема од последната јавна набавка, која целосно ќе биде доставена до јуни годинава.

Потсети дека во меѓувреме се одвиваат различни обуки за лекарите од оваа болница. Дел од нив се во Канада, Монтреал и на други места, а дојдени се и лекари од странство, од САД кои тука работат и прегледуваат пациенти.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти