Во Полициската станица Струмица било пријавено дека на место викано „Буката“ на околу еден километар од локалниот пат помеѓу селата Едрениково и Требичино, струмичко, имало превртен трактор.
Од здобиените повреди на местото почина возачот на тракторот П.С.(66) од село Градашорци, струмичко, а смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.
