56 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Тетово

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од СВР Тетово спровеле засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 56 возачи.

„Од нив, шест возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. 35 санкции се изречени на територија на Тетово, а 21 на територија на Гостивар.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Возеше пијан со 200 км на час – заработи пријава

А1он

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме