50-годишен скопјанец загина во судар на мопед и автомобил

Од:

Едно лице загина во сообраќајната несреќа што се случила вчера на улицата „Скупи“ меѓу патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.О. (27) од Скопје и мопед „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ц.(30) од Скопје информираат од Министерството за внатрешни работи.

Возачот на автомобилот прво избегал од местото на несреќата, но подоцна сам се пријавил во полициската станица Бит Пазар. По несреќата Г.Ц. и сопатникот од мопедот М.Ѓ.(50) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на Г.Ц. му биле констатирани тешки телесни повреди, а М.Ѓ. им подлегнал на повредите.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски