42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Од:

Судијката Јехона Садику во отсуство на ексразузнавачот Зоран Верушевски ја изрече пресудата за тужбата за нарушени чест и углед и неоснованиот притвор. Државта треба на Верушевски да му плати два милиони и 580 илјади денари плус камата, или приближно 42 илјади евра.

Верушевски ја тужеше државата за двата неосновани притвора со кои беше во затвор 11 месеца во 2015 година за случајот „Пуч“ и обвинението за неовластено поседување оружје.

Оштетното побарување на Верушевски беше 4 милиони и 104 илјади денари или приближно 71 илјада евра.

Верушевски пред судот рече дека мотивот на тужбата е да се заокружи личната семејна Голгота која му ја наметнала државата со конструкција без преседан во историјата на државата.

Верушевски кажа дека сите оние кои му го скроиле ова се надвор од лицето на правдата, алудирајќи на обвинителството и полицијата.

Според тужбеното барање, Верушевски доживеал душевна болка поради неоснованото апсење и држењето во притвор 344 дена за што беше доставен психијатриски наод.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, го товареше ексразузнавачот Зоран Верушевски за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и насилство спрема претставници од највисоки државни органи.

Верушевски од јануари 2015 до крајот на декември 2015 беше година беше во притвор. СЈО го повлече обвинението за случајот.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов

Издаден налог за апсење на уште 122 воени лица поради неуспешниот обид за пуч во Турција