41 степен измерен попладнево во Гевгелија, утре и задутре уште потопло

Од:

Скопје, 23 јуни 2021 (МИА) – До 17.30 часот попладнево измерени се максимални 41 степен во Гевгелија и 40 во Демир Капија, како и 39 во Скопје, 38 во Тетово и Струмица, 37 во Битола, Штип и Виница, 35 во Прилеп, 34 во Крива Паланка и Охрид, 33 во Претор, 31 во Берово, 30 во Маврови Анови и Лазарополе, како и 29 степени во Крушево. Најсвежо е на Попова Шапка, 25 степени.

Како што информира УХМР, во планинските подрачја на југоисток попладнево имало краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.

До крајот на денот ќе се задржи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Би можело да ве интересира

Пеколот продолжува до среда, температурите потоа ќе паднат за неколку степени

Бремените жени и повозрасните од 60 години да се ослободат од работа поради топлотниот бран

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

Македонија е во пеколен топлотен бран

ВИДЕО: Топлотен бран во Европа, рекорди 46 степени во Шпанија, Лондон се вари на 35

Катерина Ѓуровски

Летото ќе биде натпросечно топло, со жешки бранови со екстремни тепмератури