36 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Тетово

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се санкционирани 36 возачи кои возеле побрзо од дозволеното на територијата на СВР Тетово.

„Денеска (01.10.) полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 36 возачи. Од нив, шест возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. 15 санкции се изречени на територија на Тетово, а 21 на територија на Гостивар.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски