33 гласачки места се кај што треба да гласаат од Пустец, вели Јанакиески во „бомбите“ за „Титаник“

Од:

Судењето за случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности денеска продолжува со репродуцирање на незаконски прибавените телефонски разговори. Од еден од разговорите направен на 04 април 2013 година може да се слушне како обвинетите Миле Јанакиески и Билјана Бришковска се координираат околу гласањето на лицата од Пустец во општина Центар.

Во еден момент доаѓа до расправа помеѓу Јанакиески и Бришковска поради погрешни информации односно, ексминистерот вели дека според неговите информации, граѓани од Пустец треба да гласаат на вкупно 33 избирачки места додека пак Бришковска тврди дека има информација за само 4 избирачки места.

Исто така, од разговорите може да се слушне и како актуелниот главен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев разговара со поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески околу чартер летовите кои треба да стигнат од Европа со гласачи од дијаспората.

Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 90-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада „бомби“, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 700 разговори.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески