30-годишен гостиварец се шетал со автоматска пушка, сега заработи пријава

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донело наредба за спроведување истражна постапка за 30-годишен гостиварец поради сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи“.

-Осомничениот 30-годишен гостиварец, на 6 ноември управувал автомобил „мерцедес –А класа“ по магистралниот пат А2, во правец Маврово-Гостивар. Кај асфалтната база – каменолом „Јефута“ полициски службеници му дале знак да застане заради контрола и преглед на возилото. Но, тој не ја почитувал дадената наредба и со голема брзина се упатил кон Гостивар. Полицајците се впуштиле во потера и го следеле со службени возила и во близина на Здуњски мост забележале дека преку прозорот на автомобилот фрлил автоматска пушка. Осомничениот подоцна бил запрен и приведен, а била пронајдена и автоматската пушка со вграден бајонет, чие поседување за граѓаните е целосно забрането, како и рамка со два куршуми со калибар 7,62 милиметри, соопшти денеска Обвинителството.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да се обиде да влијае врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Во Гостиварско при претрес пронајдени автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он

Гостиварец обвинет за телесна повреда при семејно насилство

Вознемирен од смртта на мајка му, гостиварец кршел инвентар во градската болница

Гостиварец си пукал во рака додека го чистел пиштолот