30-дневен притвор за Чавков, Пепиќ и уште тројца обвинети за 27 април

Од:

Од Кривичниот суд потврдија дека ноќеска по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се Митко Чавков, Душко Лазаров, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски и Мунир Пепиќ. Судот им одредил 30 притвор дена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против М.Ч., М.П., Д.Л. О.П. и Г.Ѓ, донесе решенија со кои делумно го уважи предлгот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП, наведуваат од Судот.

Против овие решенија, како што посочуваат од Судот, странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решенијата до Апелационот суд – Скопје.

Врховниот суд во пред два дена одлучувајќи по жалби на осомничените, реши за дел од нив да ги укине мерките притвор и куќен притвор. Од затворски притвор беа пуштени поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои добија мерка куќен притвор.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска