27 Авганистанци кои престојуваа во земјава заминаа за Ирска

Од:

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните семејства заминаа за Даблин, Република Ирска, како нивно трајно одредиште информираат од прес службата на Владата.

Станува збор за граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни невладини организации во Авганистан, и беа под закана на новиот талибански режим во земјата. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Во моментов во земјава престојуваат 442 граѓани од Авганистан, жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

Би можело да ве интересира

Редовна плата од 1.500 долари за Авганистанците кои ќе му помогнат на Путин: „Не сакаат да одат во Украина, но немаат избор“

А1он

Престојот во Албанија на 2.100 Авганистанци продолжен за шест месеци

Дополнителни 113 милиони евра хуманитарна помош од ЕУ за Авганистанците

Ана Ололовска

Уште 68 Авганистаници добија привремено сместување во земјава

Канада обезбеди престој за нова група авганистански граѓани кои беа згрижени во Македонија

А1он

Уште 35 авганистански граѓани отпатуваа од Македонија кон нивната трајна дестинација

Ана Ололовска