24-годишна девојка од Скопје и 52-годишен кочананец се жртвите од страшната сообраќајка на патот Штип-Кочани

Од:

Двесет и четири годишната Н.П од Скопје сопатничка во возилото „сеат ибица“ со скопски регистерски таблички и 52 годишниот Г.А од Кочани, сопатник во автомобилот „голф“ со кочански регистерски таблички, се жртвите во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на експресниот пат Штип- Кочани во атарот на селото Жиганци, соопшти денеска за МИА портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Според информациите на СВР-Штип, во тешката сообраќајна несреќа во која учествуваа три возила „голф“ со кочански, „ситроен“ со винички и „сеат ибица“ со скопски регистерски таблички повредени се пет лица. МИА вчера информираше дека по првичната хоспитализација во кочанската Општа болница, пет пациенти се транспортирани во штипската Клиничка болница, од кои тројца беа на иследување во овој регионален центар, а двајца поради сериозноста на повредите беа транспортирани во Ургентниот центар во Скопје.

Обвинителство синоќа излезе и со соопштение веднаш по завршување на истрагата на лице место од страна на обвинителот од ОЈО-Кочани.

– Јавен обвинител од ОЈО Кочани изврши увид на лице место, издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење, се вели во вчерашното соопштение од обвинителството.

Експресниот пат Штип-Кочани за сообраќај беше пуштен синоќа во 19.30 часот.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски