Расте револтот кај 23.000 граѓани со блокирани сметки за неплатен долг на должникот МРТ

Од:

Даночниците и Македонската радио телевизија „брцнаа“ во џебот на граѓаните. Револтот и гужвите и денеска растат, преполно е во УЈП, бидејќи на околу 23.000 граѓани, поради неплатена радио-дифузна такса, УЈП им ги блокираше сметките. Присилна наплата се врши за три неплатени сметки за радиодифузна такса.

Дополнителен револт кај граѓаните е и новиот трошок. За да ги деблокираат своите сметки,граганите ке треба да платат плус 1.500 денари. МРТВ е инаку еден од најголемите должници кон државата.

МРТВ го држи 12. место според големината на својот даночен долг, односно таа има неплатени обврски кон државата од околу два милиона евра. Таа, заедно со МРД е должник, а од граѓаните бара редовно да ги сервисираат долговите, и нивните сметки се блокираат.

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура