23.000 евра за украсување на ГТЦ, најскапо новогодишно украсување досега од над 300 илјади евра

Од:

Фирмата Линк Медиа Плус повторно го доби тендерот за новогодишно украсување, овојпат за Градскиот трговски центар (ГТЦ) за 23 илјади евра. Со овој тендер, украсувањето на главниот град заедно со ГТЦ надмина 300.000 евра и е најскапото новогодишно украсување досега.

На тендерот за новогодишно украсување на ГТЦ се јавила само една фирма, Линк Медиа Плус, која впрочем и редовно ги добива тендерите за оваа намена, и за време на актуелната, но и за време на претходната власт.

Единствената разлика е во сумите – годинава, новогодишното украсување на Скопје, според договорот склучен меѓу Градот и фирмата, ќе чини 285 илјади евра. Минатата година, за истата намена беа платени 259 илјади евра, а во 2017 година, 195 илјади евра.

Фирмата Линк Медиа Плус чиј сопственик е Ѓорѓи Вуков, во последниве 2.5 години откако СДСМ е на власт, според базата на јавни набавки на Time.mk, има добиено тендери од над 1.3 милиони евра.

МВР лани и годинава ја ангажираше фирмата за изработка на маички за припадниците на полицијата, а истата фирма беше ангажирана за новогодишно украсување на општина Струмица, Куманово, Радовиш, Чаир, Ѓорче Петров, Гевгелија.

Она што е интересно е дека фирмата се бави и со други дејности освен со украсување, па така МВР освен што ја има ангажирано за изработка за маички, таа минатата година го добила и тендерот за перење на возила во министерството за период од две години и сума од 38 илјади евра.

Вредноста на тендерите што Линк Медиа Плус ги има земено во последниве десетина години, достигнуваат речиси 5.5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар