22-годишен скопјанец осомничен за продажба на марихуана

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот 22-годишен скопјанец, во домот во кој живеел во населбата Радишани, на 24 јуни, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 534,59 грама, спакувана во 11 најлонски пакувања со различна грамажа. Дрогата била пронајдена при претрес извршен во неговата соба, при што била одземена и една дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

– Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Исчезна скопјанец

А1он

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана