211 сообраќајни прекршоци во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (7.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, седум мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 12 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, 12 мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Би можело да ве интересира

Санкционирани 54 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

204 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 за брзо возење

99 санкционирани возачи во Скопје, 28 под дејство на алкохол

171 сообраќајни прекршоци во Скопје

12 санкции за возење под дејство на алкохол во Тетово

Казнети 24 пијани возачи во Битола