Полицијата за шест часа напиша 63 казни за возење под дејство на алкохол – уапсени се осум возачи

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа се изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, додека лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик.

Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи.

Од нив, по 12 на територијата на СВР Битола и СВР Куманово, по девет на територија на СВР Велес и СВР Охрид, осум на територија на СВР Куманово…

Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се четири возачи под дејство на алкохол.

Како што се наведува во соопштението, лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик.

За време на контролата санкционирани се и 162 други видови на прекршоци.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он