18 години затвор за пијаниот возач кој уби 11-годишно девојче на пешачки во Велес

Од:

Велешанецот кој пијан и со огромна брзина удри мајка и ќерка на пешачки во Велес, при што 11-годишната Магдалена почина, е осуден на вкупно 18 години казна затвор.

Осуден е на 17 години и 6 месеци за делото „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и 1 година затвор за кривично дело – „Не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, кои ги сторил со умисла.

Вкупно доби казна затвор од 18 години. Обвинетиот доби и забрана за управување со моторно возило во траење од 5 години, како и да ги плати трошоците на постапката.

Се работи за лице со ниска сообраќајна култура и не го зема како олеснителна околност неговото признавање на делото и судот не смета дека обвинетиот изразил искрено каење и жалење за тоа што го сторил, кажа судиката при изрекувањето на пресудата.

Судијката Габриела Гајдова и пет члениот судски совет од Основен суд Велес го прогласија за виновен по само едно одржано рочиште бидејќи 28-годишниот Ангелчо Николов целосно ја призна вината.

Ангелчо беше обвинет за две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“и за кривично дело – „Не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, кои ги сторил со умисла.

„Жалам за стореното, се извинувам на семејството но и на јавноста за овој настан“ кажа кратко на почетокот од судењето.

Неговиот адвокат Андреја Весов, кој е по службена должност, на рочиштето побара од судот да ги смета како олеснителни околности тоа што тој го призна делото и дека сам се пријавил во полиција.

„Сам се пријавил во полициска станица, го призна делото во целост опишано како во обвинителниот акт, има загинато брат во сообраќајна несреќа пред две години и ги знае последиците од ваква трагедија“ рече Весов.

Сепак со ова не се согласи обвинителството бидејќи освен што не е прв пат да возел пијан, тој и се криел неколку дена откако го сторил делото, пред самиот да се предаде во полиција. Обвинителката Славица Темелковски со аудио снимка од шкрипење на гумите од автомобил го започна воведниот говор .

„Кога е случена сообраќајната незгода, обвиениот не смеел да го управува автомобилот, поради изречените казни. Тој не смеел да вози“ – кажа Темелковски.

Сепак според пресудата судот ги земал во предвид доказите на обвинителството, фактот дека веќе два пати бил казнуван за возење во алкохолизирана состојба, а и дека избегал од местото на несреќата неукажувајќи им помош на прегазените мајка и ќерка.

„Признанието на вина го земавме како олеснителна околност но како придонес за полесно завршување на постапката. Не го зема како околност како позитивен став, односно судот не процени дека има искрено каење“, кажа судијката при изрекувањето на пресудата.

Во обвинителниот акт стоеше дека

– Иако бил во алкохолизирана состојба, тој управувал со автомобилот, па приоѓајќи во близина на обележан пешачки премин, не ги почитувал сообраќајните знаци. Возел со брзина од околу 68 километри на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина на критичниот дел од патот, каде постоел и сообраќаен знак за максимално дозволена брзина од 30 километри на час. Обвинетиот не обрнал внимание на пешаците и со автомобилот удрил во мајка и ќерка кои во тој момент поминувале преку обележаниот пешачки премин. Од ударот мајката се здобила со телесна повреда на челото. Девојчето, пак, било исфрлено 10-тина метри напред, до следниот пешачки премин, каде паднало на земја, се здобило со бројни тешки повреди во пределот на главата и екстремитетите и починало.

Наместо да застане и да им помогне на жртвите, обвинетиот со несмалена брзина продолжил да вози во правец кон населбата Превалец.

По несреќата, обвинетиот го оставил автомобилот на место подалеку од својот дом и го исклучил мобилниот телефон, па не бил достапен до 19.12.2022 година кога се предал на органите на прогонот, се велеше во соопштението на обвинителството.

Би можело да ве интересира

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он