(ВИДЕО) Ангелов: Семејствата на македонските бранители не се одликуваат како на борците од ОНА

Од:

За разлика од Албанците кои денеска ќе ги одликуваат семејствата чии борци на ОНА пред 12 години загинаа во Арачиново, македонската влада не презема ништо да го одбележи загинувањето на македонските бранители.

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, изјави дека освен од неговата партија, која положила цвеќе на споменикот на македонските бранители во Скопје, од македонска страна воопшто не е одбележан настанот.

– Денеска во меморијалниот центар посветен на УЧК, ќе дојдат сите високи претставници на ДУИ, а воедно ќе се обрати и Али Ахмети. Според Ангелов. Македонија политички изгуби во 2001-та година, но настанот не смее да остане неодбележан. За разлика од односот на поранешните команданти од УЧК кои денес се наоѓаат во ДУИ, од македонска страна владата не се преземаат никакви мерки – изјави Ангелов.

Тој правејќи споредба меѓу односот на Албанците кон нивните херои и македонските влади од 2002 година до ден – денес, објасни дека Албанците знаат како да ги почитуваат своите жртви кои загинале во војната, но не и Македонците.

– Ние како политичка партија нема да дозволиме никогаш ветераните на УЧК да добијат никакви права во Македонија. Дури и државата кога би сакала да им додели само 5 денари, ние тоа нема да го дозволиме, бидејќи со самото тоа им се дава легитимитет на нивната борба. Тие успеаа да ја вратат Македонија 10 години назад, бидеќи државата потроши 1 милјарда евра – изјави Ангелов.

Тој како негативно го оценува оградувањето на претседателот Заев од коалицијата Струга – Кичево, објаснувајќи дека политичките партии од Сојузот за иднината коалицираат заедно во борбата против актуеалната власт, но сепак имаат дијалетрално спротивни ставови за одредени прашања.

Од аспект на референдумската иницијатива која ја бараше Достоинство, Ангелов рече дека меѓународната заеднцица не прави проблем за нивната иницијатива. Затоа го повикува Уставиот суд да го укине членот 28 и да ни дозволи денес да продолжат со иницијативата за референдум.

Резултатите од спроведената анкета од 1 – 5 Јуни, спроведена од агенцијата „Рејтинг“ на 1.217 испитаници, покажуваат околу 90% од Македонците ги поддржуваат референдумските прашања на Достоинство, додека 90% од Албанците сметаат дека референдум не треба да има. Исто така, дури 94,4% од Македонците одговориле дека се против припадниците на УЧК да добијат посебни права. Од друга страна, 90% испитаници од албанска националност одговориле дека се „за“.

anketarejting anketarejting1

На прашањето, пак, „дали сте за или против припадници на ОНА да вршат јавни функции“, против се изјасниле 89% Македонци, додека 90% од Албанците се одговориле потврдно, со што се покажува дијаметрална спротивност на меѓуетничка основа.

anketarejting12 anketarejting121

Петар Клинчарски

 

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски

Банкината им е споменик на загинатите крај Карпалак и по 22 години: Петровска ќе бара дозвола од Желино да постави спомениик

Орце Костов

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски