162 сообраќајни прекршоци во Скопје, 24 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (1.9.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за нерегистрирани возила, 11 мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Би можело да ве интересира

МВР: Лишени 16 возачи од слобода, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Предраг Петровиќ

Уапсен е возач од Србија, на автопат Куманово – Скопје возел со 188 километри на час

А1он

Со 244 километри на час „летал“ по автопатот Скопје-Гевгелија

A1on

Возач од Гостивар „летал“ со 178 километри на час

Таткото го снимил синот како вози со брзина од 163 км/ч на и го објавил видеото

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра