Уапсен е возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат, со 211 км/чaс

Од:

Полициски службеници денеска уапсиле возач-почетник, којшто возел со 211 километри на час, соопшти МВР.

-Денеска во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат, стои во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека при сообраќајна контрола извршена со радар било констатирано дека И.А. (18), како возач-почетник, управувал со брзина далеку над законски дозволените 100 километри на час.

Поради стореното кривично дело, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

За шест часа евидентирани 541 прекршок за брзо возење

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возеше 168 км/ч на место каде е дозволено 80

А1он

МВР: Лишени 16 возачи од слобода, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Предраг Петровиќ

Уапсен е возач од Србија, на автопат Куманово – Скопје возел со 188 километри на час

А1он

Со 244 километри на час „летал“ по автопатот Скопје-Гевгелија

A1on