Бунт во Кривичен: 15 судии против Панчевски

Од:

15-тина судии од Основниот суд Скопје 1 Скопје го кренаа гласот против злоупотребата на судот од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски.

15-тина Судии кажаа не на Панчевки, му пратија порака дека Основниот суд Скопје 1 Скопје не е приватен суд на Панчевски, туку дека истиот е во функција на граѓаните, поради што судот не смее Панчевски да го користи за лична пресметка со колегите.

Имено судиите со Известување до Судскиот совет и до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, побараа према Панчевски да бидат превземени соодветни мерки за таквото негово постапување, имајки ја предвид должноста на Претседателот на судот да истиот при давањето на информации за јавноста да внимава да не се наруши угледот, честа и достоинството на личноста.

Колку за потсетување Панчевски на веб сајтот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, но и по повеке медиуми, јавно објави дека поднесува кривична пријава против судијата Иван Џолев, кое нешто е спротивно на чл.97 ст.3 од Законот за судовите, за кое нешто Панчевски треба да сноси одговорност.

Еве што напишаа судиите до Судскиот совет на РМ:

pismosudii pismosudii1

Ние долупотпишаните судии на Основен суд Скопје 1 Скопје, во име на независното судство и судскиот морал и етика, се чувствуваме повикани да Претседателот на Судскиот совет на РМ и сите членови, ве известиме за следното:

Како колеги на судијата М-р Владимир Панчевски – во моментот Претседател на судот и на судијата Иван Џолев, навистина сме изненадени од последното известување објавено на официјалниот сајт на Основен суд Скопје 1 Скопје на ден 10.11.2016 година, каде во делот на соопштенија за јавноста, судијата Владимир Панчевски како Претседател на судот информира за свои лични постапувања и ставови за одреден судија, при тоа крајно непочитувајќи го неговиот интегритет како судија. За ова тој го користи официјалниот веб сајт на судот.

Се оградуваме од наведеното, имајќи ја предвид судската етика и морал, а воедно и почитувањето на тајноста и заштитата на интегритетот за било каква поведена постапка према судија.

Со оглед да во судот односите помеѓу колегите се крајно нарушени, засегнати сме сите ние со наведеното известување, бидејќи може тоа да биде било кој од нас, кој во моментот не се согласува со сегашниот Претседател, со почит према неговата функција.

Сметаме дека е недозволиво да официјалниот сајт на судот биде користен за објава на лични преписки и ставови на Претседателот, при тоа користејќи ја таа функција од аспект на сила и моќ.

Во таа насока се обраќаме до сите вас како надлежен орган да согласно вашите законски овластувања превземете соодветни мерки према Претседетелот.

Исто така, ја користиме оваа прилика и да се оградиме од сите известувања објавувани на официјалниот сајт на нашиот суд, за кои не сме биле претходно прашани, ниту сме заземале некаков став, а се однесувале за судиите на Основен суд Скопје 1 Скопје и биле официјално објавено на сајтот. Ова затоа што судот е на сите судии кои се легитимно избрани во истиот, а не сопственост на Претседателот и неколку судии околу него.

Ви се обраќаме во оваа насока лично до сите вас и бараме заштита од сите вас сега и за во иднина, со оглед да пред се сите вие претставувате тело – орган за заштита на судиите кои постапуваат согласно закон и заштита на нивниот интегритет и независност.

По однос објавениот натпис на сајтот очекуваме да превземете соодветни мерки према Претседателот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ