15.000 Австријци ќе ја посетат Македонија на пролет

Од:

Вкупно 15.000 аранжмани и осум чартер летови Виена-Охрид се продадени за наредната пролет, соопшти туристичката агенција „МакСан-Травел“, австриско-македонска компанија на Туристичкиот саем на тур-опереатори во Виена, каде што Македонија ги презентираше туристичките потенцијали.

Оваа бројка е за три пати повеќе од реализираното оваа година. Македонија е вклучена во каталозите на австриската компанија „Клуг туристик ГмбХ“, партенр на „ТУИ рајзе центар“. Сопственикот на компанијата вели дека на таков  чекор се одлучил следејќи го интересот на австриските туристи и позитивните искуства на „Мак Сан Травел“.

Манифестацијата беше отворена само за деловни партнери, тур оператори и хотелиери.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Светскиот ден на туризмот низ вкусови: Една трпеза, многу дестинации

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ