148 милиони денари за развој и промоција на туризмот годинава

Од:

Вкупно 148 милиони денари одвои Владата за развој и промоција на туризмот во 2013 година. Ова, како што соопшти денеска на прес-конференција портпаролот Александар Ѓорѓиев, се за 2,5 пати повеќе средства од лани кога беа проектирани 60 милиони денари.

– Очекуваме ваквата поддршка да даде нов импут во развојот на дејноста што ќе значи привлекување дополнителен број странски туристи чие присуство е ионака евидентно зголемено, а тоа го потврдува и девизиниот прилив, како и користење на нивната потрошувачка моќ, истакна Ѓорѓиев.

Привлекувањето странски туристи ќе се субвенционира со еден милион евра, додека 53 милиони денари ќе бидат наменети за конвенционално промовирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација. Електронската промоција, пак, на интернет, преку социјалните мрежи и веб порталите, ќе биде поддржана со пет милиони денари. Со ова, посочи Ѓорѓиев, се сатава акцент на помладата популација која главно се информира на ваков начин.

– Фокус ќе биде ставен и на транзитните туристи кои минуваат низ Македонија кога патуваат кон своите крајни туристички одредишта. За оваа цел се предвидени три милиони денари со кои ќе се изготви промотивен материјал кој по точно утврдена агенда ќе се дистрибуира на фреквентнтите сообраќајници и граничните премини, рече владиниот портпарол.

Согласно Програмата што е веќе усвоена од Владата, Агенцијата за промоција на туризмот е обврзана годинава да овозможи претставување на земјата на 18 најголеми саемски манифестации, во Москва, Виена, Турција, Индија, Кина, САД, регионот…

Со Програмата не се предвидени средства за развој на спа туризмот зашто конкретни суми и чекори во оваа нсока реализираат релевантните министерства.

– Владата има посебен проект за развој на спа туиризмот што е кобинација од повеќе мерки, овозможување услови за концесионирање на термалните води, определување специјални локации близу термалните извори со цел изградба на сместувачки капацитети и промоција на можностите во странство преку економските промотори, рече Ѓорѓиев, додавајќи дека шест локации се веќе дадени на оглас.

Одговорајќи на новинарски прашања, Ѓорѓиев истакна дека финалните анализи за туризмот во 2012 година се уште не се направени. Но, заклучно со третиот квартал, најпосетени од домашни и странски туристи биле градот Скопје, во езерскиот регион Охрид и Струга, во планинскиот Маврово и Попова Шапка. Радува податокот поред кој е зголемен бројот на посети во источниот регион, особено центрите на Пониква.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ