14-годишно девојче сексуално злоставувано и продавано повеќе од една година, петмина уапсени

Од:

Пет лица, четворица од Велес и едено од Тетово се приведени вчера и им е одреден пртвор затоа што сексуално злоставувале продавале и снимале порнографски материјал со малолатничка информира Основното јавно обвинителство.

– Првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на останатите осомничени и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе – по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед.

На овој начин, првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале осомничени и други НН машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, на предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка со решение определи мерката притвор за четворица осомничени и мерка куќен притвор за еден од осомничените.

За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години.

Би можело да ве интересира

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Скопјанец во МВР пријавил дека била силувана неговата малолетна внука

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство