12-годишното дете кое падна од зграда во животна опасност

Од:

12-годишното момче, кое синоќа околу 22 часот падна од третиот кат од станбена зграда во Штип е во животна опасност.

Од КАРИЛ во Скопје информираат дека е извршена хируршка интервенција на главата и на повредите што ги здобило момчето при падот.

Според соседите, станува збор за несреќен случај, односно детето не видело дека е отворена вратата на балконот која нема никаква заштитна ограда и занесено во менување канали со далечинскиот управувач на телевизорот, паднало.

Директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгиев изјави дека детето кај нив било примено со тешки телесни повреди поради што е препратено во Скопје.

– Најдени се повеќекратни тешки телесни повреди, скршеници на главата, на ребрата и на ногата и во една тешка животнозагрозувачка состојба е пратен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје, истакна Георгиев.

По несреќниот случај синоќа на улицата „Енгелсова“ во Штип извршен е увид на лице место со цел да се утврдат причините за падот на момчето.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена