ВИДЕО: Либанците кои избегаа од кризното подрачје спијеа во автомобили во Бејрут, нападите продолжуваат од двете страни

Од:

Израелската војска утрово соопшти дека продолжила со напади на позиции на Хезболах на територијата на Либан и во текот на ноќта. Ова е продолжение на големиот вчерашен напад во кој загинаа околу 500 луѓе што е најсмртоносниот напад во конфликтот од 2006 година. Хезболах одговори со гранатирање на израелска територија.

Вчерашниот израелски напад предизвика масовно бегање на населениот од критичниот дел на земјата. Жителите на кризниот регион ги напуштија домовите. Ивештаите утрово велат дека најголем дел од нив ноќта ја минале во нивните автомобили откако успеале да стигнат до Бејрут.

Премиериот на Либан, го нарече нападот „класичен геноцид“, додека израелскиот премиер Нетанјаху ги повика Либанците да се евакуираат објаснувајќи дека нападите не се насочени кон нив туку кон борците на Хезолах.

Обединетите нации повикаа на итен прекин на борбите, Египет побара интервенција на Советот за безбедност на ОН во ситуацијата во Либан, а Франција повика да се одржи итна седница на Советот.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците