Нетанјаху: Верувам дека врховниот лидер на Иран е жив, се крие во некој бункер

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека верува оти врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи е жив, и покрај фактот дека тој не се појавил јавно ниту дал никакви најави откако беше именуван за наследник на неговиот убиен татко на почетокот на март, пишува „Тајмс оф Израел“.

Запрашан за неговото мислење за физичката состојба и оперативното влијание на помладиот Хамнеи за време на интервјуто за „60 минути“ на Си-Би-Ес, Нетанјаху рече: „Мислам дека е жив. Тешко е да се каже неговата состојба, знаете? Се крие во некој бункер или некое тајно место“.

Премиерот на Израел рече дека Моџтаба „се обидува да го консолидира својот авторитет“, но проценува дека овој авторитет е помал од оној на неговиот претходник Али Хамнеи.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху ја губи власта на почетокот на следната недела

А1он

По изборите во Израел, Ајзенкот најави смена на Нетанјаху

Нетанјаху најави најголема воена операција на Западниот Брег уште од 1967 година

А1он

Аракчи: Нетанјаху ги вовлекува САД во уште една војна само за да не заврши во затвор

А1он

ВИДЕО: Нетанјаху го нападна градоначалникот на Њујорк во ОН, доби одговор

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху