Нетанјаху: Демонстрантите се однесуваат како фашисти

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека демонстрантите што протестираат пред неговата резиденција во Ерусалим се однесуваат идентично како фашистите“ откако активистите запалија контејнери и гуми во близина на неговиот дом.

Протестите се легитимни во демократијата. Но, она што се случува во овие финансирани, организирани и политички протести против владата, кои ги преминаа сите граници – тие вандализираат, блокираат патишта, малтретираат милиони граѓани, прогонуваат избрани функционери и нивните деца, дури и градинки и училишта“, рече Нетанјаху, објавува Тајмс оф Израел“.

Тој, исто така, ја критикуваше работата на полицијата, обвинувајќи ја дека не го спроведува законот и повика на побрза и поостра реакција на демонстрантите.

Нетанјаху додаде дека демонстрантите се закануваат дека ќе го убијат секој ден и дека, како што изјави, исто како фашистичките милиции“ рекоа дека ќе го опколат неговиот дом.

Денешните немири, кои ги принудија некои жители да ги напуштат своите домови, се случија пред најавениот Ден на нарушување“, за време на кој од владата се бара да постигне договор за ослободување на 48 заложници што ги држи Хамас.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Го зголемуваме интензитетот на операциите во Либан

А1он

Нетанјаху: Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје

А1он

Нетанјаху: ЕУ го разоткри моралниот банкрот со лажна симетрија меѓу Израелците и Хамас

Нетанјаху: Верувам дека врховниот лидер на Иран е жив, се крие во некој бункер

А1он

Обама: Нетанјаху ме убедуваше да го нападнам Иран

Нетанјаху нареди жестоки напади врз цели на Хезболах во Либан

А1он