(ВИДЕО) Досие „Мерко“: Со 146 илјади евра без дозвола реновира зграда заштитена со закон, за таму да ја пресели општината

Од:

Без дозвола и потребни документи, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, урива и преградува, односно реновира објект што е прогласен за значајно културно наследство. Сето тоа без конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство. Во зградата на поранешното училиште планира да ја пресели општинската администрација сосе него, иако за ова нема одлука од Советот на Општина Струга.

Мерко си изработува спуштен таван од гипс-картони, менува подни и ѕидни плочки, поставува ламинат, поставува преградни ѕидови, вградува врати, заменува делови од дрвената кровна конструкција, а ќе ја бои и фасадата. За реновирањето на објектот кој е прогласен за значајно културно наследство, а кое се прави без дозвола, Општина Струга склучила договор вреден 8.998.438 денари или 146.316 евра.

Кога го прашавме како врши градежни работи во зградата кога таа е под заштита, рече: „Немојте сега од ова да правите некои паради, некои филмови. Недолично е прашањето, ваму било заштитено значи да не се користи“.

Фирмата од Лабуништа која реновира, според системот за јавни набавки, тендери добива од 2018 година, односно, откако Мерко стана градоначалник на Струга по третпат.

Повеќе во видео истражувањето на „А1он“.

Продолжува…

 

Претходно: (ВИДЕО) Досие „Мерко“: 14 кривични пријави, една процесирана, ниту една пресуда

(ВИДЕО) Досие „Мерко“: 329 решенија за уривање дивоградби во Струга седат во фиока, 44 објекти се на крајбрежјето

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица

Градоначалникот Мерко е осуден со 10.000 евра парична казна

Петковски: Обвинителството не докаже дека Мерко е виновен за незаконско назначување директори во три училишта

Горан Наумовски

Мерко не сторил кривично дело кога купил луксузно „ауди“

Горан Наумовски

Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга

Од почеток почна судскиот процес против градоначалникот Мерко за набавката на автомобил „ауди А6“

Горан Наумовски