Зошто нема работа за младите?

Од:

Елементариум – Белград

Невработеноста на младите во светот претставува голем проблем, на кој меѓународните организации се обидуваат да укажат преку креирање на разни стратегии и програми за вработување на млади. Меѓународната организација за труд предвидува дека невработеноста меѓу младите на глобално ниво во 2017 година ќе достигне 12,9 отсто. Во модерното време, медиумите некои економски термини како невработеноста многу ги популаризираа. Меѓутоа, пред толкувањето на економските показатели, треба да се согледа метриката која е користена, како и употребената варијабила. Ако лицето на кое се презентирани одредени бројки не ги знае овие детали, оставен е голем простор за манипулирање со фактите и наведување на погрешни заклучоци.

Прикриена невработеност

Невработеноста е број на луѓе во популацијата кои немаат работа. Според дефиницијата тоа е всушност популација која е работно способна, обично од 15 до 65 години, а која нема работа. Стапката на невработеноста е процентот на работно способната популација која нема работа во однос на вкупниот број на работно способните. Во Србија, според последните мерења оваа стапка изнесува околу 20 отсто. Меѓутоа, проблемот е во начинот на мерењето кој се користи.

Меѓународната организација за труд поставува стандард според кој се мери невработеноста. Според нивната дефиниција стапката на невработеност е процент на работно способната популација која константно бара работа, навистина е на располагање и која во моментот на мерењето е без работа.

Сите три критериуми мора да бидат исполнети. Тоа всушност значи дека показател од 20 отсто не значи дека преостанатите 80 отсто работно способно население е вработено. Значи, од пресметувањето на стапката на невработеност исклучени се тие кои воопшто не бараат работа, тие кои не бараат активно и константно, но и популацијата која е обесхрабрена и се откажале од барање работа. Популацијата која сака работа, но западнала во меланхолија, претставува ефект кој се нарекува прикриена невработеност.

Во овој случај, можеби би било порационално да се прикаже стапката на невработеност. Стапката на вработеност е процент на работно способното население кое има работа во вкупниот број на работно способните во една популација. Според Републичкиот завод за статистика, стапката на вработеност во Србија во последната деценија се движи меѓу 30 и 40 отсто и константно опаѓа.

Постојат два начина за собирање на податоци за невработените. Првиот е користење на евиденцијата на Заводот за вработување кој е едноставен, бара мали трошоци и достапноста на податоците е голема. Меѓутоа, постојат и бројни ограничувања. Заводот нема податоци за лица кои самостојно бараат работа, податоците често се застарени и не се ажурирани. Оваа евиденција ги содржи само невработените, а не вкупната работна сила.

Исто така, поради разни прописи невозможно е да се споредуваат податоците со другите земји, како ни во рамки на земји според различни периоди, ако прописите се менувале.

Анкета на примерок на работната сила е втор метод за собирање на податоци. Тој повеќе одговара на меѓународните стандарди па можно е резултатите да се споредуваат со другите држави. Споредливоста не е целосна поради различни прашања и дизајн на анкетите како и различно вреднување на критериумите при барање на работа. Проблеми исто така се јавуваат кај веродостојноста на одговорот, репрезентативноста на примерокот, а и трошоците на постапката можат да бидат многу високи.

Наспроти сите изнесени факти, стапката на вработеноста, како и стапката на невработеноста не зборува многу за состојбата во стопанството и економијата на една земја. Неопходно е да се согледа комплетната слика и да се земат предвид демографските структури.

(Не)одржливост на пензискиот фонд?

Според проценка на Светската банка, од 7,1 милион жители во Србија, работно способни се 4,6 милиони, од кои вработени се само 1,8 милиони луѓе. Од вкупниот број на вработените, дури 790.000 работат во јавниот сектор.

Кога се работи за старосната структура во нашата земја проекциите не се најдобри. Републичкиот завод за статистика објави проекција за бројот на жителите во Србија за периодот 2011-2014 година, според која процесот на депопулација ќе продолжи.

Најзагрозената група за жал ќе продолжат да бидат младите. Стапката на невработеност меѓу младината од 15 до 24 години во Србија е поголема од 50 отсто и според прогнозите ќе продолжи да расте. Падот на вкупниот број на работно способното население со зголемувањето на стапката на невработеноста и зголемување на бројот на старата популација, зборува во прилог на теории на некои експерти за неодржливост на пензискиот фонд.

Колку е чувствителен и важен проблемот со невработеноста се гледа според големината на домино ефектот кој се предизвикува во стопанството секогаш кога ќе се промени. Проблемот на младината која станува се повеќе апатична и незадоволна поради недостиг на нормални услови за живот, е многу опасен и може да има далекусежни ефекти. Лесно може да се влезе во маѓепсан круг во кој сиромаштијата и бедата се пренесува на следните генерации.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

A1on

Бројот на слободни работни места во Словенија достигна рекордно високо ниво во вториот квартал

Драстичен пад на вработените во угостителскиот сектор во Германија

Во Хрватска сезонска плата над 1000 евра за печење палачинки

Предраг Петровиќ

Стопанството бара под итно да се изгласа ребалнсот на Буџетот

Ана Ололовска