ЗК Пелагонија: Исплатени се сите финансиски обврски кон нашите вработени

Од:

По повод денешните информации кои што ги објавија дел од македонските медиуми, а во врска со штрајкот на дел од вработените во ЗК Пелагонија, менаџментот на компанијата демантира дека не се исполнети обврските кон вработените.

„Во текот на денешниот ден, беа одблокирани сите сметки на најголемиот земјоделски комбинат во државата, ЗК Пелагонија, и кон сите наши вработени, беа исплатени сите финансиски обврски. Менаџментот на компанијата, ниту еднаш не ги игнорираше барањата на вработените во текот на изминатите неколку месеци. Напротив, вложуваше максимални напори, и покрај настаната ситуација во ЗК Пелагонија, обврските кон вработените да ги сервиса согласно можностите “ – велат од ЗК Пелагонија.

Тие тврдат дека повеќе од два месеци, се трудат ЗК Пелагонија да ја вратат на вистинскиот пат, со сите свои вработени на број.

„Го користиме овој момент да упатиме апел до македонските медиуми, да не шпекулираат со бројки и информации заради чувствителноста на се што се случува а е поврзано со овој комбинат. Во вакви моменти, не смееме да заборавиме дека под капата на ЗК Пелагонија, илјадници вработени издржуваат семејства.“ велат од ЗК Пелагонија.

Би можело да ве интересира

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски

МВР: Кривична пријава за директорка на државен ученички дом во Битола, го оштетила Буџетот на МОН за 202.500 денари

Градоначалникот на Битола бара Обвинителството да ги истражи пријавите за каснувања од бездомни кучиња

1408 стари пушки пронајдени во близина на поранешниот гарнизон во Битола

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола