Железничкиот товарен и патнички сообраќај е во целосен прекин поради протестот на вработени во Македонски железници АД Транспорт кои бараат исплата на вториот дел од октомвриската плата.
По блокадата на товарниот железнички транспорт што почна вчера попладне, од ноќеска на полноќ не сообраќаат ниту патничките возови.
– Тргнат е само утринскиот воз од Скопје за Гевгелија, од вработен што не го испочитува договореното, а на останатите релации не се одвива сообраќајот, изјави за МИА Душко Чакаровски, машиновозач во Македонски железници АД Транспорт.