Железничката линија Белград-Солун укината заради економска неисплатливост

Од:

Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт – АД Скопје и во наредниот период остануваат посветени на изнаоѓање решение со цел да се овозможи меѓународен железнички сообраќај, порачуваат од Министерството како реакција на објавените информации за укинување на железничката линија Белград -Солун.

– Во изминатиот период, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт – АД Скопје, во неколку наврати иницира средби со релевантните владини институции и железнички компании од Србија и Грција, на кои се бараа алтернативни решенија за да не дојде до укинување на железничката линија Белград-Солун. На сите средби, од страна на Српските и Грчките железници беше потенцирано дека единствена причина за укинување на оваа линија е непостоење на економска исплатливост за нејзино оддржување, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Оттаму нагласуваат дека заедно со МЖ Транспорт – АД Скопје ниту имаат можност, ниту надлежност да влијаат врз деловната политика на националните железнички компании во Србија и Грција.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on