Жарко Луковски заминува од Македонски Телеком

Од:

Жарко Луковски, досегашен главен оперативен директор на Македонски Телеком, поради истекување на менаџерскиот договор, на 30 -ти овој месец заминува од компанијата. Неговата функција во период од три месеци почнувајќи од 1 јули ќе ја извршува Назим Буши, досегашен заменик претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком, соопштија од Компанијата.

Луковски, кој беше извршен член на Одборот на директори во функција на главен оперативен директор на Македонски Телеком, беше на највисоки раководни позиции во компанијата од 2006 година. Во 2010 година назначен е за главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија, а во 2015 година за главен оперативен директор на Македонски Телеком.

– Под негово раководство беа реализирани проекти кои целосно ја сменија телекомуникациската индустрија во Македонија, особено во областа на развојот на мобилната технологија, како што е воведувањето на 3Г и 4Г мрежата по прв пат на пазарот. Работеше на развој на ИКТ бизнисот како што е проектот „паметен град“ и се залагаше за иновативни решенија како што е мобилното плаќање и воведуваше иновации во начинот на работа на компанијата. Одигра важна улога во спојувањето на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, со што директно допринесе компанијата да ја задржи лидерската позиција на пазарот, се вели во соопштението од компанијата.

Функцијата извршен член на Одборот на директори во функција на главен оперативен директор на Македонски Телеком за период до три месеци, почнувајќи од 1 јули 2017 година, ќе ја извршува Назим Буши, досегашен заменик претседател на Одборот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

Орце Костов

Кој ќе добива надомест од 6.000 евра во Телеком? Советник на Царина го менува Китанов во одборот на директори

Орце Костов

ДЗС: Техничките пречки во пописот не се должеа на интернет конекцијата

А1он