Зголемени увозот и извозот на земјоделски производи на ЕУ

Од:

Во август оваа година Европската Унија го достигнала своето највисоко ниво на трговски размени, во износ од 35 милијарди евра.

И извозот и извозот на земјоделски производи се зголемиле во август 2022, за шест отсто односно три отсто во споредба со јули истата година.

Ова го покажа редовниот извештај на Европската Комисија објавен денеска.

Извештајот нотира дека највеќе се извезувале житни препрати, жито и вино. 48 отсто од извозот на жито од ЕУ оди во Северна Африка и Блискиот Исток, како и супсахарска Африка со 34 отсто. Од јануари до август годинава ЕУ извезла 148 милијарди евра земјоделски производи вкупно.

Што се однесува до увозот, најголем дел доаѓа од Бразил, Обединетото Кралство и Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Се зголеми кинескиот извоз