Цените на угостителските услуги во ноември во споредба со октомври годинава се на исто ниво, а споредено со ноември лани се зголемени за 0,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари- ноември годинава споредено со истиот период од минатата година, цените на угостителските производи се зголемени за 0,4 проценти. За 0,4 проценти е зголемувањето на цените и во однос на декември минатата година.